АНА ПАВЛОВСКА – ДАНЕВА Е НОВ ПРЕДЛОГ ЗА УСТАВЕН СУДИЈА

0
180

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје, Ана Павловска-Данева, е новиот предлог на СДСМ за уставен судија. Предлогот за нејзин избор е на дневен ред на денешната седница на Комисијата за избори и именувања. Павловска-Данева е и поранешна пратеничка на СДСМ.

Вчера во Собранието беше повлечен предлогот Љубомир Јовески – доскорешниот државен јавен обвинител кој во декември лани замина во пензија – да биде предложен за уставен судија. Тој во изјава за МИА рече дека е изненаден од повлекувањето на предлогот без да се наведат основните причини за тоа, како и дека е изненаден што претседателката на надлежната собраниска комисија само соопштила дека предлогот е повлечен без да каже повеќе детали.