Аналитичари: ДУИ и ДПА исплашени од “бомбите“ на Заев?

0
620

3714

Молкот на ДПА и индиферентноста на ДУИ за случајот „Пуч“ за аналитичарите се неприфатливи. Џелал Незири вели дека долго време албанските партии самите се исклучиле од главните политички процеси оставајќи сé во рацете на Груевски и Заев. Индиферентноста на Ахмети и Тачи за овој случај, според Незири, остава простор за сомнеж дека стравуваат да не бидат предмет на аргументите, или на т.н. „бомби“ кои ги најави лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

“Нивниот молк не прави да се сомневаме, можеби се плашат да не се најдат во тие т.н. бомби на Заев. Мислам дека овие документи треба да бидат објавени, треба јавноста, граѓаните, Албанците да знаат што се случувало во оваа земја, кој крадел, каде ги пратиле парите, кој монтирал случаи, зошто монтирале случаи има многу дилеми што и албанската јавност треба да ги знае. Нивното молчење може да се поврзе со овие документи, но верувам дека ако не Заев, ќе ги објави некој друг и целата јавност ќе биде информирана за нивните дела, на сите политичари ако нивните имиња се наоѓаат во тие документи “, рече Џелал Незири, политички аналитичар.

Мерсел Билал вели дека реакцијата на ДУИ не разликуваше многу од молкот на ДПА и според него тоа е нетолерантно за една партија која е партнер на премиерот Никола Груевски. Билали дури проценува дека албанските партии ја држат во живот актуелната власт.

“Политичките гарнитури го замислуваат ова како да се случило во Мавританија и заземат став како да претставуваат некој надворешен фактор кој нема посебен интерес, само за да се помине како што вели народот, колку да се каже дека реагирале. Мислам дека тоа е многу погрешно, да се постават така пред јавноста дека ние треба да останеме неутрални. Ако албанскиот субјект има елементарен капацитет на одговорност на она што е морално и политички, ќе седнеше и ќе ги решеше принципиелно прашањата во смисла дека ваквото дејствие е недозволиво во однос на интересите на сите граѓани и Албанците и ако тоа не најдеше договор за консензус со партнерот ќе ја повлечеше поддршката со што режимот ќе прокапеше“, оценува Мерсел Билали, политички аналитичар.

Од саботата, кога и беше објавен  случајот “Пуч”, опозицициската ДПА не излезе со никаков став, а ДУИ во своето коминике повика на транспарентност и непристрасност во процесот, вперувајќи со прст кон судството.

Извор : Алсат