АНАЛИЗА – УЧИМЕ ПОЛИТИЧКА СТРАТЕГИЈА ОД ЗАЕВ: КАКО МУ УСПЕА НА ПРЕМИЕРОТ ТАКА МАЕСТРАЛНО ДА ГО НАДИГРА МИЦКОВСКИ ПО СИТЕ ПРАШАЊА?!

0
2641

Заев мора да е многу добар во покер затоа што знае одлично да се надмудрува со непријателот, знае добро да ја намести играта да непријателот на крај нема избор освен да се предаде.

Погледнете на пример што се случи вчера, Заев го легна Мицковски, го натера да капитулира по сите прашања а за возврат не доби речиси ништо, освен одложување на пописот за 6 месеци, но тоа е маргинален дури и незначаен успех затоа што целта на ВМРОВЦИТЕ беше пописот да се стопира како операција и со тоа да се нанесе трајна штета траен удар врз владата на Заев.

Од друга страна Заев доби собрание како да има 100 пратеници, а тој реално има само едвај 60-тина?!

Плус, Заев го избламира Мицковски од ПР аспект, Мицковски дење ноќе му се обраќаше на Заев со криминалецот, аболицираниот кримос, диктатор итн итн за да го видиме на прес како 10-тина пати го ословува со ГОСПОДИНОТ ЗАЕВ?!?!

Притоа Мицковски не доби ниту техничка влада ниту амнестија на лопови и терористи, ништо!!!

Епа како му успеа сето ова на Заев? Многу лесно. Заев ја примени техниката на ПРЕУВЕЛИЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА на работите кои беше спремен да ги даде уште на почетокот и кои реално ништо не му значеа, но копаше длабоки ровови и темели и ги бетонираше на бојното поле па така вештачки им даваше тежина, како на пример одложување на пописот. Доколку Заев почнеше уште во почетокот да кокетира со можноста пописот да биде одложен, ќе ја намалеше цената на тој потег на мегданот па ќе мораше да даде уште нешто во компромисот на пример ќе мораше да понуди оставки на некои министри, да вети ангажман за смени на обвинители и судии, да им понуди на ВМРО ДПМНЕ експерти за министри на некои позиции итн итн итн…

Но Заев мудро ИЗБЕГНА да ја направи таа грешка и го наседна неискусниот Мицковски кој беше радосен со самото тоа што Заев прифати лидерска, тој самото тоа го сметаше за некаква победа, што збори за НИСКАТА САМОДОВЕРБА на Мицковски кој има потреба од помош од Заев да седнува со него на средби за да биде ценет како некаков опозициски лидер?!?!

Како ја билдаа во СДСМ цената за компромисот?

На Бихачка одржаа едно 100 пресови дека одложување на пописот не доаѓа во обзир, а уште 100 изјави такви имаше на челниците на владата и самиот шеф на ДЗС. Со ова Заев на одложувањето му стави така голема цена што го матираше Мицковски, кој пак ја темпираше сета своја битка на одложување на пописот по можност за една до повеќе години.

Заев го виде тоа и поради тоа го бетонираше пописот и го чекаше Мицковски на маса каде за возврат на поместување на 6 месеци на пописот ќе му бара СЕ, затоа што беше свесен дека без тоа Мицковски ќе биде тотално ПР соголен и нема да може да се врати во белата палата со празни раце, па макар и 6 месеци одложување на пописот.

Со тоа Заев ТЕШКО го продаде одложувањето со СЕ ШТО ИМАШЕ ДА ПОНУДИ МИЦКОВСКИ, со ова Заев стана тотален победник -ДОБИ СЕ а даде речиси ништо, затоа што одложувањето на пописот никогаш реално не беше проблем, Заев само си поигруваше со нервите на ВМРОВЦИТЕ и ја билдаше ЦЕНАТА ЗА ТРАМПАТА која ќе мораше да се случи и се случи.

Што требаше да направи Мицковски? Ништо! Заев е толку добар што за неговата тактика нема одбрана, Мицковски што и да направеше беше осуден на пораз. Заев многу добро ја игра оваа игра знае како да се постави и има челични нерви може да трпи блефирање но и самиот може успешно да блефира, како што беше играта со одложувањето на пописот, игра која се играше до самиот крај на можниот рок на одлагање.