Оној момент кога Меѓународната заедница ќе ги исцрпи сите правни механизми за решение од политичката криза, не е исклучено дека ќе посегне и по радикални, како онаа за изолација преку “црна листа“ на граѓани, коментираат аналитичарите во неделната економска анализа на Порталб.
Според нив, меѓнародниот фактор нема да остане “нем“ набљудувач на состојбата и доколку до есен не се дојде до излезно решение, не е исклучена “црна листа“ но и сериозно назадавување во евроатланските аспирации.
Во јавноста веќе се појави информација дека Меѓународната заедница, во координација со домашни институции крои листа од 60 лица на кои ќе им биде замрзнат имотот дома и во странство, а ќе добијат и забрана за излез од земјава.
Санкции, изолација, одземање на препорака за преговори
Најпрво треба сите политички средства да бидат исцрпени а сеуште се преговара со посредство на Меѓународната заедница, но, сега не е јасно дали меѓународната преговара со ВМРО-ДМННЕ или СДСМ, а од она што се гледа веќе, е дека се преговара со Груевски и неговите.
Се додека се преговара, протестите ќе бидат мирни, сметаат аналитичарите. Но, по исцрпување на фазата на правна разврска, не е исклучено меѓународниот фактор да посегне по “црното“ сценарио, изолација и санкции со кои би биле засегнати не само поедници, туку и целата земја.
„Меѓународната заедница е подготвена да спроевдува изолација и да прави “црни листи“ на неподобни граѓани среде Европа само доколу се сруши целиот правен систем, како што е сега. Но изолацијата би била политилчко-економска –финансика и би можела да трае 2-3 години со многу лош резултат по сегашната владејачка гарнитура“, вели за Порталб, аналитичарот и колумнист Даме Чкатроски.
Во последните три месеци во домашната јавност веќе струи сценариото дека меѓунардниот фактор нема да остане нем набљудувач на внатрешно-политичката криза и дека во отстуство на правна разврска и непочитување на договорот од Пржино, ќе посегне по радикални мерки.
Овие стравувања се засилија особено по писмото од шефот на холандската дипломатија, но и од пораката на Европската комисија, која ги повика четворицата партиски лидери да се вратат на преговарачка маса и да ги решат сите отворени прашања за да може да се одржат кредибилни избори.
„Политичките лидери мора во целост да го почитуваат политичкиот договор од Пржино и основните принципи на Договорот, како што се владеењето на правото, одговорност, инклузивност и кредибилни избори. Оваа рамка останува клучна за решавање на политичката криза“, изјави неодамна директорот на Директоратот за проширување на ЕК, Кристијан Даниелсон.
Холандскиот министер пак, Берт Кундерс побара од лидерите итно да најдат излез од политичката криза во интерес на стабилноста на државата, во спротивно Македонија е под закана на санкции.
„Договорот од Пржино што го потпишаа сите лидери мора да се почитува и тоа е силна позиција на ЕУ. Ако пропадне Пржинскиот договор, Македонија ќе се соочи со сериозни последици и санкции. Фер, демократски и кредибилни и фер избори се круцијалниот дел од Пржинскиот договор кој не смее да пропадне за демократската иднина на вашата земја и тие мора да се испорачаат без понатамошни одлагања“, пишува во писмото.
Евентуалната изолација на поедници ќе се прелее врз целата економија, последиците ќе ги чуствуваат сите, потенцира за Порталб, аналитичарот Висар Адеми.
„Нерамноправната дистрибуција на парите и на ресурсите е состојба во Македонија. Само 1 процент од населението во своите раце располагаат со 99 отсто од капиталот, ресурсите, националното богатство и не би ме чудело да од тој еден отсто се најдат 100% на “црната листа“. Сметам дека една ваква изолација на личности, кои менаџираат и се поврзани со компании ќе се прелее и почуствува во целата економија. Само да посочам дека 99% од малите компании зависат од тендери и договорени обврски со државата“, вели Адеми.
Сличен став има и Чкатроски.
„Доколку Меѓународната заедница одлучи да напрви потег за излолација, преку црна листа на поедници, како прво тоа значи дека тие нема да бидат обвинувани и судени во странство туку во Македонија по специјални судови. Црна листа и изолација ќе значи на подолг рок дека нити една земја може да им даде азил или подршка“, вели Чкатроски и упатува на посериозни последици од ваквата разврска.
„Санкциите ќе дојдат заедно со одземање на препораката за членство во ЕУ. Од тој момент доколку има 50 на на листа ,а тоа се очекува доколку 1 септември го пречекаме без Технократско-Експертска непартиска влада Македонија ќе биде една изолирана земја посебно во финансискиот и економскиот сектор. После ваква црна листа ќе еродираме, по што веројатно расплетот на кризата почнува на есен со одземање на препорака и црна листа“.
По ваквите сценарија, дел од бизнисмените веќе ги испратија првите сигнали на сериозна загриженост.
Стопанството веќе се соочува со сериозни ликвидносни проблеми, а најавите за можна изолација на Македонија ќе бидат погубни за економијата – оценија дел од бизнисмените.
„Ако се оствари најцрното сценарио, евентуална изолација, политичка а со тоа и финансиска на земјава, тоа ќе биде погубно за економијата. Тогаш и песимистичкото сценарио на Народната банка за раст од 1,6% ќе ни се чини дека е оптимистичко. Имено, ние веќе ги добивме првите сигнали, односно изјави од амбасадорите дека е можно меѓународниот фактор да преземе потези кои ќе упатуваат на “изолација“. Овие пораки мора да се сфатат со сериозност“, коментираат дел од бизнисмените за Порталб.
Ризикот од можна политичка и економска изолација на земјата не е пресметан во новите ревидирани прогнози за економски раст што ги објави Народната Банка. Имено, НБМ соопшти дека според основното сценарио економскиот раст ќе биде 3,5 отсто, но според песимистичкото, растот на БДП ќе изнесува 1,6%.