АМЕРИКАНСКИ НУРКАЧИ ЈА РАЗНЕСОА ЦЕВКАТА ОД СЕВЕРЕН ТЕК? НОВИНАР НА ЊУЈОРШКИ ТАЈМС РАСКАЖУВА КОНТРОВЕРЗНА ПРИКАЗНА ЗА САД И ЗА НАТО

0
543

Нова контроверзна приказна за хаваријата под гасоводот „Северен тек“, која се случи минатиот септември, само што исплива во медиумите, а беше демантирана од Белата куќа. Американскиот истражувачки новинар и добитник на Пулицерова награда, Сејмур Херш, на својот личен блог напиша сторија во која тврди дека поставувањето на експлозиви под цевката наводно била директна наредба на претседателот Џо Бајден кон нуркачи од американската морнарица кои инаку биле на вежба на НАТО, именувана БАЛТОПС 22, пишува Њузвик.

Два дена со тајмер или три месеци со далечинско
Херш, цитирајќи извор за кој вели дека директно ја познавал операцијата, вели дека првично експлозивот требало да има 48-часовен тајмер и да биде поставен до крајот на вежбата. Потоа Белата куќа се предомислила. Сметајќи дека два дена пред детонацијата се премногу блиску тие пробале да најдат друг метод на детонација, а тоа било преку далечински управувач.

Сигналот од далечинското бил испратен од мала пловечка направа во Балтичкото море. Оваа пловка претходно на површината ја спуштил норвешкиот авион П8 кој се користи за надгледување на морето.

Експлозивите биле поставени во јуни, а експлозијата се случи три месеци подоцна, во септември. Цели девет месеци се воделе остри дебати во Националниот совет за безбедност на САД. Штетата која беше направена до денес го парализираше протокот на руски гас кон Европа.