Американскиот Стејт департмент повторно побара Иванов да ја повлече аболицијата

0
558

Вчера на новинарско прашање, директотката на Канцеларијата за печат на американскиот Стејт департметот, Елизабет Трудо, уште еднаш се осврна на состојбата во Македонија.

– САД и ЕУ ја искажаа својата загриженост за важноста на веродостојни избори во Македонија. Времето е кратко. Останува уште многу да се направи. Ние силно бараме од претседателот Иванов да ја поништи својата одлука и да остави Специјалното јавно обвинителство и судовите да ја завршат својата работа – рече Трудо.