АМЕРИКАНСКИОТ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ МАЈК ПЕНС ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР ПОБАРАЛ ОД ЦИПРАС ДА НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО СО ЗАЕВ

0
856

Американскиот потпретседател Мајкл Пенс и грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа телефонски разговарале за преговорите за изнаоѓање решение за името на Република Македонија, соопшти прес-службата на Белата куќа.

Според соопштението, Пенс „му се заблагодарил на Ципрас за покажаното лидерство, заедно со она на македонскиот премиер Зоран Заев, во нивниот обид да го решат деценискиот спор за името на Македонија“.