АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА ЖИВИ ГИ ЗАКОПА ВМРОВЦИТЕ: Како земја остваривте значителен напредок во последните три години

0
243

Амбасадорката на САД, Кејт Брнс, во своите заклучоци за работата на деветтиот парламентарен состав во историјата на Северна Македонија кој што се самораспушти вчера, го признава, како што вели, значителниот напредок што е постигнат во последните три години.

„Ова ја вклучува ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО, ратификацијата и чекорите за спроведување на Договорот од Преспа, ратификацијата на Договорот за пријателство со Бугарија, како и усвојување на Законот за Националната агенција за безбедност и Оперативна техничка агенција, Закон за јазици, измените и дополнувања на Законот за одбрана, Законот за заштита и спречување на дискриминација и Законот за јавното обвинителство.

Овие достигнувања покажуваат посветеност на Северна Македонија за реформска агенда, во корист на нејзините граѓани и помагање во обезбедувањето на нејзината трансатлантска иднина“, порача Брнс.