Амбасадорите ја разбираат опозиција, но ја повикуваат да се врати во парламентот

0
410

6-мина амбасадори денеска се сретнаа со лидерот на СДСМ Зоран Заев и по средбата порачаа дека ја разбираат резервираноста на опозицијата, но ја повикаа да се врати во парламентот.

ambasadori zaev

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер рече дека западните земји го поддржуваат правото на мирен протест.

„Ја поздравуваме партиципацијата на Зоран Заев во Советот за безбедност во неделата, кој следеше по настаните во Куманово. Му порачуваме на Заев дека очекуваме одговорни постапки исто така и од опозицијата. Ја разбираме резервираноста што постои и потребата опозицијата да биде будна до степен од кој ќе може да ја одигра оваа странична улога. Парламентот останува клучна институција во која опозицијата може да земе учество во истрагата на состојбите, така да ја охрабруваме опозицијата да се врати во парламентот. Ја повикуваме опозицијата да помогне за да се разреши политичкиот ќорсокак и го подржуваме правато на мирен и јавен протест“, рече германската амбасадорка пред седиштето на СДСМ.

На средбата присуствуваа и амбасадорот на САД Џес Бејли, на Британија Чарлс Гарет, на Италија Ернесто Масимо Белели, на Франција Лорен Оер и заменикот на амбасадорот на ЕУ Робер Лидл.