Амбасадата на Соединетите Американски Држави издаде соопштение за средбата на американскиот помошник државен секретар Џемјс Обрајен со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кое се нагласува дека е важно партиите да дадат поддршка на евроинтеграцијата на земјата.
„Обрајан потенцира дека САД силно го поддржува патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ, како и важната улога што сите политички партии во земјата треба да ја имаат за поддршка на овој процес“, се вели во објавата на „Фејсбук“.
Претхдоно соопштение за средбата издаде ВМРО-ДПМНЕ во кое, меѓу другото“, Мицкоски го истакнал значењето на идентитетските прашања.