Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

АМБАСАДАТА НА САД ВО С. МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКА КОНГРЕСМЕНОТ МАЈК ТАРНЕР И КОНГРЕСМЕНКАТА ЛИНДА САНЧЕЗ ВО СКОПЈЕ

На маргините на состанокот на Постојаниот комитет на ПС НАТО, беше реализирана средба на македонската и американската делегација во ПС НАТО, претставена од шефовите и замениците шефови на двете делегации: пратениците Драган Ковачки, Антонијо Милошоски, конгресмените Мајкл Тарнер и Линда Санчез.

Разговорите се фокусираа на актуелните безбедносни состојби, остварувањето на обврските на земјите-членки на НАТО во исполнувањето на целите за военото усовршување и одвојување на повисок процент за модернизација на националните одбранбени капацитети. Се разговараше и за перспективите на Алијансата во контекст на евентуални безбедносни предизвици и потребата за нивно соодветно пресретнување.

Делегациите споделија видувања за мировниот процес за Украина, со очекувања за завршување на војната во што пократко време, со потпишување на одржлив мировен договор. Во светло на петгодишнината на членството на нашата земја во НАТО, беше реафирмирана натамошната поддршка од страна на САД, во контекст на Стратешкото партнерство. Беше поздравена улогата на нашата земја како кредибилен НАТО сојузник во зачувувањето на регионалната стабилност.

Американската делегација се заблагодари на срдечниот прием во Собранието и упати честитки за успешно организираниот состанок на Постојаниот комитет на ПС НАТО.

Извор : Алфа ТВ

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ