АЛФИТЕ ЗА КРАТКО ВРЕМЕ ГО ПРОНАЈДОА ДЕТЕТО КОЕ БЕШЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИЗГУБЕН ВО СКОПЈЕ ОД СТРАНА НА НЕГОВАТА МАЈКА

0
1146

Дванаесетгодишниот Мартин кој денеска напладне се загуби на кејот на Вардар е пронајден.

На фејсбук беше објавено дека Мартин последен пат бил виден на кејот на Вардар во Аеродром, кај продавницата „Вучко“, но подоцна бил пронајден кај „Авиончето“ во Ново Лисиче.

Скопјанка денеска во полиција пријавила дека го изгубила својот 12-годишен син, но за среќа припадници на единицата Алфа го пронашле детето.

-По добиена пријава на телефонскиот број 192 од Р.С. од Скопје која пријавила дека околу 14 часот кај маркет во близина на кејот на реката Вардар го изгубила својот син Мартин (12), кој боледува од аутизам, веднаш се преземени мерки и активности од страна на полициски службеници за пронаоѓање на детето. Во 16.30 часот од страна на единицата Алфа детето е пронајдено во близина на хотелот Хилтон и потоа предадено на мајката, информираат од МВР.