Алсат-М ЕКСКЛУЗИВНО : Катица Јанева нов Специјален обвинител

0
325

4021

Извори на Алсат-М дојдоа до информации дека  Актуелната обвинителка од Гевгелија Катица Јанева ќе биде новиот Специјален обвинител, дознава Алсат М. Вака одлучи работната група на неколку часа од истекот на финалниот рок од Пржинскиот договор, откако во Клубот на пратениците се појавија и премиерот Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во 5 часот наутро партиите постигнаа конечен договор за предлог законот за Јавно обвинителство, со кој се регулира работата и функцијата Специјален обвинител, дознава Алсат М.

Според извори на Алсат-М, ќе се гласа целосно нов закон, ‘lex specialis’, со кој се предвидува специјално обвинителство, и самиот обвинител да одлучи за бројот на соработници.

Законот ќе се гласа денеска во Собрание. Предлогот за Јанева исто така ќе се верификува во Собрание, а потоа ќе се именува од Совет за обвинители.

Извор : Алсат-М