АЛО МИЛЕНКО, МИРКА И ЈАНКО БАЧЕВ, РУСИТЕ КОЛКУ НИ ДАДОА: САД донираа уште 450.000 долари за справување со кризата од Ковид 19

0
477

САД преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) доделија дополнителни 450.000 долари за поддршка на Северна Македонија во борбата против пандемијата на КОВИД-19, со што нивниот вкупен придонес достигна 1,5 милиони долари, соопшти Американската амбасада во Скопје.

Овие дополнителни средства ќе бидат наменети за поддршка на координација, планирање, следење, работење и логистика, кризна комуникација и вклучување на заедницата и управување со случаи и спречување и контрола на инфекции во здравствените установи, во партнерство со Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

Американската амбасадорка Кејт Брнз кажа дека „Американската влада е горда што ја канализира дарежливоста на американскиот народ да се бори против оваа пандемија заедно со нашите сојузници. Преку нашето партнерство со УНИЦЕФ, ќе ги зголемиме итните здравствени, хуманитарни и економски активности од владата, приватниот сектор и невладините организации, како и меѓународната заедница”.

Во изминатите 20 години, САД имаат инвестирано повеќе од 738 милиони американски долари во вкупна помош за Северна Македонија, од кои 11,5 милиони американски долари само како помош за здравството.