Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

„АЛКАЛОИД“ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЌЕ ГИ СТИПЕНДИРА СТУДИИТЕ НА ХЕРОЈОТ ОД ВИНИЦА, ЈОВАН

Јован Костадинов, 19-годишниот херој од Виница кој во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани спаси повеќе од 20 деца, ќе биде награден од општествено одговорната компанија „Алкалоид“ со 18.000 денари секој месец, во следните четири години.

Со оглед на тоа што Јован е завршна година, матурант, во средното училиште „Ванчо Прќе“ во Виница, ова стипендирање ќе му биде добар поттик за успешно да ги заврши студиите кои ќе ги одбере.

„Алкалоид“ вчера соопшти дека донира 15 милиони денари за поддршка на настраданите граѓани и нивните семејства засегнати од стравичната трагедија во Кочани. Парите се уплатени во фондот на нивниот долгогодишен партенр, Црвениот крст на РСМ, а за нивните 167 волонтери изразија благодарност, затоа што безрезервно помагаат во бројни ситуации.

– Во оваа прилика, би сакале да искажеме посебна благодарност и до сите здравствени системи и здравствени професионалци во земјава, во регионот и низ Европа, кои несебично ги ставија на располагање своите ресурси и знаења во клучните моменти од животоспасувачката мисија. „Алкалоид“ АД Скопје, од 16 март наваму, во неколку наврати, симболично им помогна на здравствените установи во Македонија со производи од својот асортиман, во делот на пројавените потреби. Покрај горенаведената финансиска донација преку Фондот на солидарност на Црвениот Крст, компанијата ќе продолжи да помага онаму каде е потребна помош и поддршка – велат од „Алкалоид“.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ