Секојдневно се стремиме да ги примениме последните и најдобрите светски трендови во фармацијата, хемијата, фитотерапијата и во козметологијата во нашето секојдневно работење. Така било и во децениите наназад, а така ќе биде и во децениите што се пред нас.
За разлика од минатото, денес над 65 % од својот асортиман го пласираме во над 40 земји низ светот, а нашите аспирации за освојување нови пазари и за проширување на нашето продажно портфолио растат.
Нашата визија е јасна – стоиме цврсто врз сопствените вредности и сè што правиме правиме со единствена помисла: здравјето пред сè!
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСe