Али Ахмети се огласи на Фејсбук: Изјавата на албанските партии на ниту еден начин не ја нарушува државата, унитарниот карактер, ниту пак станува збор за федерализација или поделба

0
560

Уште пред изборите минатата година, ги поканив албанските опозициски партии да се соединат со цел да не изгубат Aлбанците од големата поделба на гласовите. Ова не се случи и Aлбанците изгубија 9 мандати на пратеници во Собранието на РМ.

Потоа, како победник на изборите и како лидер на најголемата албанска партија, ги поканив албанските парламентарни партии на заеднички состанок во Скопје за координирање на нашата агенда за заокружување на Охридскиот dоговор и постигнување на еднаквоста.

На оваа средба во Скопје, ги усогласивме ставовите во врска со очекувањата на Aлбанците и во секоја јавна изјава сум истакнал дека Заедничката изјава на албанските парламентарни партии во Македонија е усогласена и напишана во Скопје и е врз основа на изборните програми на сите албански кандидати на изборите на 11 декември.

Ова изјава на ниту еден начин или форма не ја нарушува државата, унитарниот карактер ниту пак станува збор за федерализација или поделба.

Албанските партии не беа причина за системската криза во земјата и имајќи го предвид ова, ги повикувам албанските политички партии да се воздржат од претворање на системска и внатре-етничка криза во етнички судири меѓу двете најголеми етнички заедници на оваа земја.

Исто така, ги повикувам македонските партии да се воздржат во нивното изразување на незадоволство од импликација на етничкиот елемент поради чувствителноста на нашето општество.

Вас, почитувани граѓани, ве повикувам да ја зачувате ладнокрвноста и да не дозволиме никој од нас да падне жртва на злонамерни сценарија кои потекнуваат од сомнителни адреси.

Ова е политички проблем и политичките партии, како и институциите во земјата ќе го најдат најдоброто решение за граѓаните, но во меѓувреме, да веруваме во вистината, а не во лагите.

Фејсбук статус на Али Ахмети