Ги демантираме невистините кои денеска ги кажа адвокатот на групата на Таравари за одложување на судската седница и за наводно откривање на некаков фалсификат од страна на судот.
Вистината е дека денеска во Основниот суд Тетово седницата се одржа уредно и така заврши. Ние на оваа седница ги презентиравме нашите докази и аргументи, а другата страна само неиздржани тврдења. По редовното завршување на денешната седница, судијата ја закажа последната седница за 13 декември на која ќе се направи само резиме на доказите и ќе се донесе конечната одлука. По препорака на Апелациониот суд, Основниот суд Тетово ќе ја разгледа листата на делегати на редовниот Конгрес од 2022 година.
На денешната седница, како и во текот на целиот судски процес, ги депониравме сите потребни аргументи и документација со која се докажува дека мнозинството легитимни и законски делегати, согласно законот и статутот на партијата, ги избраа новите тела и претседателот на Алијансата за Албанците, г-дин Зиадин Села. Убедени сме дека надлежниот суд ќе го потврди тоа во конечната одлука.