Алијанса на Албанците и Алтернатива со герила акција пред нотарската канцеларија на Насер Зибери во Чаир

0
644

Сooпштение на АА:

Денеска сме тука пред канцеларијата на нотарот и во исто време кандидатот за премиер од редовите на Демократската унија за интеграција, Насер Зибери за да ја откриеме хипокризијата и противречноста што ги карактеризираат гореспоменатите во оваа изборна кампања.

Додека Насер Зибери и партијата што ја претставува се обидуваат да се претстават како неспоредливи патриоти, ние дојдовме овде во канцеларијата на Насер Зибери да ви докажеме со факти од неговата канцеларија дека партијата што ја претставува Насер Зибери е токму таа партија која не му дозволил на Насер Зибери да го напише своето име на албански, па затоа е принуден печатот и таблата на нотарот да ги напише на кирилица.

Од друга страна, се чини дека патриотизмот на Насер Зибери е поврзан само со позициите и столчињата на Премиерот, а не по албанските прашања, затоа што ако беше поинаку, тогаш Насер Зибери барем требаше да се посвети на неговото име во печати и во канцеларија да го напише со азбуката на неговиот мајчин јазик.

И бидејќи Насер Зибери не може да го стори тоа, решивме ние да му го напишеме името на албански јазик затоа што секој Албанец во оваа земја го заслужува тоа, дури и во случаи кога не се заинтересирани да го имаат официјален албанскиот јазик, како што е случајот со Насер Зибери и функционерите на ДУИ!