АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ПРАШУВА : НА КОГО И ЗОШТО МУ ПРЕЧИ ДИРЕКТОРОТ ХАЛИТ ФЕРАТИ?

0
211

-ПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА СИНДИКАТОТ, ЈОВАН ЃОРЃИЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СОПИШТЕ, ПРЕДЛОЖЕН ОД ВМРО-ДПМНЕ, ПАРТИЈАТА КОЈА ОРГАНИЗИРАШЕ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ АЛБАНСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЧАШКА И ПРОТИВ ДИРЕКТОРОТ ХАЛИТ ФЕРАТИ, ДЕНЕСКА БАРА НЕГОВО РАЗРЕШУВАЊЕ. СИНДИКАТОТ Е РЕГИСТРИРАН И НА АДРЕСА НА ОПШТИНА СОПИШТЕ, ШТО Е ПРЕСЕДАН ЗА СИНДИКАЛНО ОРГАНИЗИРАЊЕ, КОЕ ИСТО ТАКА ТРЕБА ДА СЕ ЗАЛАГА ЗА ПРАВАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ, А НЕ ЗА ИМЕНУВАЊЕ ДИРЕКТОР И ПОЛИТИЧКИ ПРАШАЊА КАКО ШТО СЛУШНАВМЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА, СООПШТИ АЛИЈАНСА.

Според партијата сето ова докажува дека на првиот човек на овој синдикат и на неговите соработници им пречи тоа што за првпат повторно заживеал Државниот просветен инспекторат кој со години не се слушал.

-НИВ ИМ ПРЕЧИ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК, ВРАБОТУВАЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕТО НА АЛБАНЦИТЕ ВО ИНСПЕКТОРАТОТ И ОБРАЗОВАНИЕТО, ОТВОРАЊЕТО АЛБАНСКИ ПАРАЛЕЛИ НИЗ ДРЖАВАТА, ОСОБЕНО ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА КАДЕ ШТО СО ГОДИНИ НЕ ФУНКЦИОНИРААТ. ЗА СЕТО ОВА ДА НЕ БИДЕ ДОВОЛНО, СЕ СЕЌАВАМЕ ДЕКА ЃОРЃИЕВСКИ И НЕКОИ НЕГОВИ СОРАБОТНИЦИ ДОБИЛЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА НИВНАТА РАБОТА, РЕАГИРААТ ОД АА.