Saturday, March 15, 2025
25.8 C
Skopje

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ: ОДЛУКА НА ОСНОВНИОТ СУД ТЕТОВО – ЧИСТ ЧИН НА НА ЗАРОБЕНА ДРЖАВА

Одлуката на Основниот суд во Тетово, која се обидува на ДУИ да му ја поклони Алијансата за Албанците, е чист пример за политичко заробување на правдата. Ова е чист чин на партиско судство кое се обидува да манипулира со волјата на граѓаните и една политичка партија да ја претвори во воен плен на Али Ахмети.

Испраќаме јасна порака до судијата Илир Реџепи и кланот на Зиадин Села: вашиот обид за криумчарење на Алијансата за Албанците, ќе пропадне! АА е на народот, на членството и на луѓето со достоинство, кои не се продаваат за грст привилегии како вас. Уште од самото основање, идеалот на Алијансата за Албанците беше соборувањето на криминалниот режим на Али Ахмети, кој поради коруптивни мотиви сериозно ги наруши интересите на Албанците.

Овој свет аманет, го тера до крај легитимниот лидер на АА, Арбен Таравари, кој ја презеде не свои плеќи целосната одговорност на достоинствено застапување на Албанците во владеењето.

Скандалозната одлука на судијата Реџепи ќе се најде повторно во Апелациониот суд. До конечна одлука со која ќе се воспостави правда во државава, ги оставаме Села и неговата клика да се самозадоволат со имагинарните печати на судијата Реџепи. За состојбите во правдата, зборуваат самите граѓани и меѓународните организации.

Само 2 отсто од граѓаните му веруваат на судскиот систем, а во последниот извештај на Транспаренси интернешнал остро се критикуваат скандалозните измени на Кривичниот законик со кои се овозможи амнестија на стотици поранешни функционери на режимот на Груевски. Оваа политичка одлука на судијата Реџепи уште повеќе не мотивира за вршење длабоки реформи во правосудтсвото.

Иницијативите за разрешување на главниот обвинител и на петте членови на Судскиот совет се важни чекори кон воспоставување на владеење на правото и интензивирање на борбата против криминалот и корупцијата. Против судијата Реџепи ќе биде поведена постапка за отчетност. Правдата нема да остане заложник на политички пазарења!

ОВАА НЕДЕЛА

ВО ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА РАЗБИЕНА Е ПОГОЛЕМА ГРУПА, УАПСЕНИ 23 ЛИЦА

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен...

МАЖ И ЖЕНА ОД ПРИЛЕП ОГРАБЕНИ ЗА 15 000 ЕВРА, ИЗМАМНИЦИТЕ ИМ ГИ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Непознати измамници убедиле брачна двојка од Прилеп да симнат...

ПЕТРУШЕВСКИ: НАРОДОТ НА МИНИМАЛЕЦ, А СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ СИНДИКАЛЕЦОТ НА БАТЕРИИ ОД СДС И ЛЕВИЦА СО ПЛАТА ОД 75.000 ДЕНАРИ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Почнуваме со демаскирање...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ