АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ГО ПРИЈАВИ БУШИ ВО ДКСК ЗА ЛУКСУЗНОТО НОЌЕВАЊЕ ВО ИСТАНБУЛ

0
604

Алијанса за Албанците до Државната комисија за спречување на корупција поднесе пријава за сомневање за корупција против Назим Буши, заменик министер за внатрешни работи.

„Пријавата е поднесена во врска со престојот на Назим Буши во луксузен хотел во Истанбул во октомври 2020 година, престој вреден десетици илјади евра но, според заменик министерот овој износ е платен од непознати лица, што претставува подарок што е во спротивност со позитивните прописи“, велат од АА.