Tuesday, July 15, 2025
31.8 C
Skopje

АЛИУ И ФЕТАИ: АЛИЈАНСАТА НЕ Е СОЗДАДЕНА ДА БИДЕ НИЧИЈА АЛАТКА

„Го слушнавме нашето членство. Се сретнавме со нашите активисти во секој град – од Липково до Струга. И пораката е јасна: Албанците сакаат продолжување на промената, а не враќање на старото“ истакнаа денеска на прес-конференција екс соработниците на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците.

Зборуваше екс министерот Азир Алиу, а до него беше и Арбен Фетаи, којшто Таравари вчера го разреши од партиските структури.

Не се согласуваат со политичкиот правец кој го зазема Таравари, најавувајќи соработка и со ДУИ за претстојните локални избори.

„Во овој турбулентен политички период, кога стариот режим ги прави последните обиди да ја затемни надежта за промени, ние избравме да не реагираме брзо. Слеговме на терен, ги слушавме нашите активисти, разговаравме со партнерите и размислувавме – со смиреност и одговорност“ – рече Алиу.

Оваа група од веќе поделената Алијанса, смета дека земјата има потреба од стабилност, развој, одговорно владеење и од Алијанса која нема да ja предаде довербата добиена од граѓаните. Тврди дека се залага за одговорност, а не поради лични интереси и целта е да не ја напуштат битката на половина пат.

Велат дека Алијансата не е создадена да биде ничија алатка. Таа е создадена да биде глас на граѓаните, промените, и еднаквоста.

На прес-конференцијата беше истакнато дека денешната Влада е постабилна од кога било, посветена на реформите и решена за интеграција.

Алијансата за Албанците, како што додадоа, има клучна улога во овој процес, и тие нема да се откажат од таа мисија.

„Во однос на половичните состаноци на ограноците што се нарекуваат „партиски конгреси“ и кои шират поделби и етикетирања – тие не го претставуваат духот, ниту пак статутот на Алијансата. Изразуваме разочарување за навредите упатени кон албанската младина и жената во име на Алијансата, но нашата одговорност е да не го изгубиме правецот дури и кога другите се деградираат“, беше истакнато на прес-конференцијата.

Додаваат дека ќе продолжат како рамноправен партнер во коалицијата ВЛЕН, со иста професионалност и посветеност – служејќи им на граѓаните со чест и решителност.

ОВАА НЕДЕЛА

„ГИ МРАЗИ БУГАРИТЕ, А ТАТКО И Е ОД БОСИЛЕГРАД“ ЏАМБАСКИ „УДРИ” ПО ЕВРОПРАТЕНИЧКАТА ЈОВЕВА

Бугарскиот политичар и поранешен член на Европскиот парламент, Ангел...

ВМРО-ДПМНЕ И ВРАТИ НА РОЗАЛИЈА: ЗА СДС УЛИШНИТЕ КЛУПИ БЕА МЕСТО ЗА ПАРТИСКА ПРОПАГАНДА

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВА НА РОЗАЛИЈА АНГЕЛКОВСКА ОД СДС Кога...

КРСТОВСКИ: БЛАЖЕВСКИ, СИМБОЛ НА ЗАЕВИЗМОТ, НЕРАБОТЕЊЕ, УНИШТУВАЊЕ, ПРЕДАВСТВА И ЛИЧНО БОГАТЕЊЕ

Прес-конференција на Никола Крстовски, претседател на УМС - Општина...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ