Алекс Букарски : Мирке, алчноста, лакомоста, среброљупството се твои лични карактеристики и одлики, со кои никогаш не си расчистила

0
1565

Успеја една генерација млади македонски поколенија да заведеш божем со прикаските дека во СФРЈ си била репресирана новинарка. Млади биле не памтеле. Во ред ти простија. Ти го простија порочното другарство со Б.Ц. секој лутал идеолошки. И сега од пештерските зградетини на Кала се појавуваш, да говориш на „нова генерација млади и здрави Македонци“, додека едно зборче критика и зрнце интегритет не покажа додека добиваше директиви од најнаркоманот, најдекадентниот, најпорочниот Bad lieutenant.

Алчноста, лакомоста, среброљупството се твои лични карактеристики и одлики, со кои никогаш не си расчистила, а не таму не само на некои декадентни соросоидни неолиберали, христијанскиот морал на скромност никогаш си немала и затоа не се обидувај да се додворуваш на младите генерации Македонци про-национални ориентирани, кои се надевам во ова нема да го проголтаат “хладноратовски“ шпионско-трилерско траш дека некаков uber ЦИА заговор може амнестира од народот избран политичар да владее автократски и клептократски создавајќи сурии партиски обесчовени боргови.

Алекс Букарски