
Тој ги повика своите сограѓани на 20 август да гласаат за чесните, одговорни и угледни кандидати за советници, на СДСМ и Коалицијата, за бројот 1 – за европско Тетово!
Тоа се луѓе кои секојдневно се помеѓу граѓаните, кои се блиски до граѓаните, истакнати и почитувани, кои ќе се заложат во решавањето на проблемите, целосно посветени да чекорат напред кон подобро, модерно Тетово, порача претседателот на општинската организација на СДСМ Жика Алексовски.