АЛБИН КУРТИ ВЕЧЕРВА СО СПЕЦИЈАЛЦИ ЌЕ ГИ РАСТУРА БЛОКАДИТЕ НА СРБИТЕ

0
440

Како што неофицијално дознава „Новости“, по состанокот на Советот за национална безбедност на Косово, кој заврши пред малку, премиерот Албин Курти преку онлајн средба контактирал со претставниците на Квинта во Косово.

Курти накратко ги информирал претставниците на САД и големата европска четворка (Италија, Британија, Франција и Германија) дека безбедносните структури на Косово, предводени од специјалните полициски единици ги преземаат сите мерки за отстранување на барикадите на север од Косово.

Тој им поставил ултиматум на Србите најдоцна до вечерва да ги отстранат барикадите од главните сообраќајници.

Србите вчера подигнаа блокади по апсењето на Србин, еден од повеќето кои ја напуштија косовската полиција.Исто така Курти ги известил претставниците на Квинта дека и наредил на полицијата т.н на Косово и сите служби да бидат во целосна готовност за вечерашната акција.