АЛБАНЦИТЕ НА КОСОВО ГО ПОГРЕБАА ФАТОН ХАЈРИЗИ КАКО ХЕРОЈ СО СИМБОЛИ НА УЧК

0
204

БЕА РАЗВИОРЕНИ АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА, А НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ БЕШЕ ПОСТАВЕНА ФОТОГРАФИЈАТА НА ФАТОН, ПРЕД КОЈА ПОСЛЕДНИТЕ ПОЗДРАВИ ГИ ПИШУВАА РОДНИНИТЕ, ПРИЈАТЕЛИТЕ И ФАНОВИТЕ – НАВЕДЕ МЕДИУМОТ.

Инаку телото на Фатон Хајризи вчера беше испорачано од Србија на Косово преку административниот премин Мердаре. Како што пренесуваат косовските медиуми веднаш штом влегле посмртните останки на Хајризи во Косово, тие биле пречекани од армија обожаватели, кои со автомобил го придружувале телото до селото Клина.Фатон Хајрази на 18 јули го уби српскиот полицаец на должност Никола Крсмановиќ и го рани неговиот колега Вјекослав Илиќ во Лозница. Тој беше убиен од српската полиција два дена подоцна во близина на границата со Босна и Херцеговина, каде што се обиде да побегне.