АЛБАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ИЛИР МЕТА : Заев покажа висока свест

0
495

Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека и покрај тоа што Македонија не доби датум за преговори во очекуваниот термин  и тоа поради  вина на Албанија, тогашниот премиер Зоран Заев поднесе оставка и покажа висока свест.

Мета во  синоќешното интервју за албанската телевизија  Клан во емисијата „Опинион“ рече дека  „Заев и покрај тоа што пречка за Македонија беше токму Албанија бидејки  меѓународниот фактор сакаше двете држави да добијат датум за почеток на преговори, одлучи  да даде оставка и земјата да оди на предвремени избори, а тоа значи дека покажа висока свест, а за жал тоа во Албанија не се случува, и премиерот Еди Рама ги има под контрола сите институции“.

Шефот на албанската држава  ја пофали македонска влада и во однос на делувањето во состојба на пандемија  за заштита на стопанството. Тој  упати критики на адреса на албанската влада и додаде дека таа има големи разлики со Македонија.

-Додека албанскиот премиер Еди Рама на 7 и 8 мај со околу 2 илјади полицајци ги растураше протестите за заштита на националниот театар во Тирана, македонската влада донесе одлука за усвојување и на третиот економски пакет за  подршка на економијата во земјата – рече Мета и нагласи дека затоа Албанија  се наоѓа во тешка економска состојба .

Во интервјуто во емисијата Мета упати критики на власта но и опозицијата во Албанија поради политичката состојба и додаде дека на земјата и се потребни предвремени избвори за излез од тешката состојба.

К. Мимидиноски