Албанскиот Опозициски совет за утре повикува на протестен марш од Чаир до Влада

0
650

Во име на советот за организирање на протестот „Ден Д: Правда, Достоинство, демократија“, од албанскиот Опозициски совет информираа дека утрешниот протестен марш ќе тргне од паркот во Чаир во 17.30 часот и ќе застане пред Владата во 18.30 часот. Таму ќе се прочита декларацијата на протестот и ќе со одржат само два говора од два преставници на Опозицискиот совет.

„Како што сте веќе известени, во понеделник (9 Мај) – на Денот на Европа, но и во денот кога се потсетуваме на немилиот настан од минатата година во Куманово, Опозицискиот Совет повика албански протест под мото: ’Ден Д: Правда, Достоинство, демократија’. На овој повик, освен албанските политички организации, значи партиите, невладините организации и интелектуалци кои се дел од Опозицискиот совет, се одѕваа со своја поддршка и други опозициски политички партии, НВО како и многу познати личности од академскиот, публицистички и уметнички живот во Македонија и пошироко. Оваа листа на поддржувачи е доста долга, десетици имиња кои заслужуваат благодарност… На овој начин тие, освен што помогнаа, исто така покажаа дека се против овој анти-албански режим ВМРО-ДУИ и дека се за европските вредности, за европска интеграција но и за Правда, Достоинство и Демократија. Ви благодариме на сите!“, рекоа од Опозицискиот совет.

Велат дека протестот е албански,  односно знамињата и симболите треба да бидат само национални, без никакви партиски знамиња.

„Затоа, ве повикуваме да дојдете заедно со своите семејства па и вашите деца и заедно да протестираме. Затоа што албанскиот глас е веќе непретставен, затоа што нашиот интерес веќе не се артикулира никој, нас не ни преостануваше ништо друго, освен да протестираме и да се изјасниме дека – иако дуото ВМРО-ДУИ веќе скршнале од европскиот пат – Албанците не гледаат друг пат освен патот кој води кон Европа“, велат од албанскиот Опозициски совет.

Овој протест треба да го крене и гласот против сите тие, како што велат, кои дозволииле, учествувале или самите подготвиле монтирани политички процеси, а за кои велат денес десетици невини Албанци гнијат по затвори.

„Ако не реагираме, тие се подготвени да го повторат сценариото. Затоа, треба да реагираме и протестираме. Треба да протестираме и затоа што нам ни е одземено демократското право на глас, затоа што дуото ВМРО-ДУИ отсекогаш манипулирале со нашата волја и затоа ние секогаш сме биле поразени. И најважното е тоа што протестот е начин да се изјасниме дека не се сите Албанци покорени и понижени пред шефовите на ВМРО, туку дека имаме човечко достоинство кое нема да дозволиме никој да го покори“, рекоа на денешната прес-конференција, повикувајќи ги повикуваме сите Албанци – каде и да се – да се соединиме утре заедно на овој протест „да оддолу го кренеме граѓанскиот глас на незадоволство и протест, затоа што на овој начин ќе и помогнеме и на СЈО и на меѓународната заедница за да и тие да можат да ја извршат својата работа од горе, така што ќе се измели криминалот, корупцијата, предавството, манипулацијата и понизноста“.

„Тие што денес не протестираат, утре немаат право ни да се жалат!“, велат од Опозицискиот совет, кои го сочинуваат партии, организации и видни Албанци.