Thursday, January 16, 2025
1.8 C
Skopje

АКТИВНИ ЗАБРАНИ ЗА КАМИОНИ НА ПАТНИТЕ ПРАВЦИ ТЕТОВО – ПОПОВА ШАПКА, СТРАЖА, МАВРОВО И ОД СЕЛО УЗЕМ ДО ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ДЕВЕ БАИР

Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, на планинските превои Стража, Маврово и од село Узем до граничниот премин Деве Баир – соопшти вечерва ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ во попладневниот извештај информира дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

ОВАА НЕДЕЛА

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

ТРИПУНОВСКИ ОД БЕРЛИН : РАБОТИМЕ СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВИСОКОКВАЛИТЕТНО ФЛАШИРАНО ВИНО

Вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ