Вчера премиерот Христијан Мицкоски на Мечкин Камен по повод празникот 2 Август, Илинден беше исвиркан од страна на активист на ,,Движење Бојкотирам” нарекувајќи го предавник со барање до него да го поништи преспанскиот договор при што според владиниот протокол реагираше полицијата.
Според видеото објавено на страната ,,Движење Бојкотирам” активистот вербално го напаѓа премиерот при што снима службено лице на МВР за време извршување на службена должност.
Според одлуката на апелација снимање на полициски службеник во полициска униформа не претставува кривично дело, во контекст околу снимката на полицискиот службеник од страна на ,,Движењето Бојкотирам” правото на граѓаните да бидат информирани за полициските активности, има поголема тежина отколку приватниот интерес на полициските службеници.
Но бидејќи се работи за јавен собир во кој важи владин протокол и се работи за функцијата премиер полицискиот службеник согласно протоколот е должен да постапи соодветно овластувањата и да спречи провокации и ескалација на ситуацијата.