Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна за тоа што пушела џоинт

0
471

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Ристеска призна вина, посочи дека се кае и вети нема повторно да го стори кривичното дело или друго кривично. Условната казна од 2 години затвор ќе ѝ се изрече доколку во наредните 5 години таа стори друго кривично дело.