Активиран уште еден докажан ПУШАЧ на Грујо за пресметка со неистомислениците: Аџиев предложил за кодоши да бидат ставени неколку новинари!

0
584

На седница на Комисијата за верификација на факти, или популарно наречена Лустрациска комисија, за пресметка со неистомисленици со актуелната власт, на дневен ред послушникот Аџиев предложил за кодоши да бидат ставени неколку новинари.

lustracija11

Како што објавува Либертас,  не е тајна дека уредничката на Фокус, Јадранка Костова, со мнозинство гласови била лустрирана, односно прогласена за кодош. Нејзиниот „грев“, според извори од комисијата, бил што побарала додека работела во популарната емисија на МТВ „Без наслов но со повод“ организаторот Владимир Перев (познат по неговото јавно декларирање дека сме Бугари) да не ги малтретира гостите со говори за бугарски корени. Членовите на комисијата Албанци наводно биле против, но на Јадранка и пресудило мнозинството на чело со Аџиев. Решението кое било потпишано најверојатно ќе и биде објавено во понеделник оти Аџиев во петокот бил на пат.

зСпоред истиот извор, За лустрација бил предложен и новинар доајен во професијата, кој последнава година ги собра сите домашни награди а и странски, за неговите колумни. Тој важи за жесток критичар на власта, но Аџиев за него не успеал да обезбеди мнозинство, наводно му фалел уште еден глас. Од комисијата велат дека Аџиев за да си ја завршел задачата најверојатно ќе побара уште едно гласање за овој новинар.

Во Лустрациска имало папка и за долгогодишен тв уредник и новинар, кој се уште е на екраните и прави тв дебати. За него препораката, според нашите извори била, неговиот случај засега да мирува.

Меѓу лустрираните во четвртокот поминал и предлогот за кодош да биде прогласен и пензиониран тв новинар од МТВ кој додека работел се занимавал со надворешна политика.

Претходно Лустрациската го прогласи и пензионираниот уредник и новинар во Македонското радио, Градимир Јовановиќ, еден од основачите на дневниот весник Слободен печат.

Од Лустрациска за Либертас велат дека во тефтерчето Аџиев добил нарачка да излустрира уште неколку новинари кои се критички настроени кон актуелната власт.