Познато е дека недостатокот од сон не е добар за здравјето, но научниците откриле дека и претерувањето има негативни страни.
Во истражување со повеќе од 50.000 луѓе научниците утврдувале што предизвикува кај нашето тело кога премалку, а што кога предолго спиеме, и дошле до сознание дека и едната и другата крајност имаат неколку негативни последици.
Така се покажало дека кај оние кои задолжително спијат повеќе од шеста часа постои ризик од коронарни болести на срцето, мозочен удар, дијабетес, дебелина и ментални болести.
Научниците сметаат дека предолгото спиење ги носи истите ризици како и кога спиеме премалку, а тоа го потврдува и студијата на American Academy of Sleep Medicine и истакнува дека ризикот од срцеви болести, мозочен удар и дијабетес е поголем кај луѓето кои спијат подолго.
Според научниците, здравиот живот подразбира повеќе од здрава исхрана и редовни вежби, зашто е сонот подеднакво важен. Се смета дека е важно ноќе да се спие помеѓу седум и девет часа за да може телото да ги добие сите важни бенефиции од одморот и сонот. Тоа особено важи за оние личности кои имаат хронични болести.