АКО ПРОДОЛЖИ ВАКА ПЕТРЕ, ВМРО ЌЕ ГИ БОЈКОТИРА ЛОКАЛНИТЕ И ВО СКОПЈЕ: Прв црвен дрворед во Скопjе на булеварот 8.Септември

0
1195
Со големо задоволство на Скопје и на скопјани им го претставувам најдолгиот дрворед кој што го засадивме оваа година, овде на булеварот 8.Септември, чија што реконструкција се одвиваше и заврши оваа есен.

Станува збор за дрворед од повеќе од 100 листопадни дрвја и повеќе од 1.100 нискостеблести садници од 11 различни видови кои во различни периоди од годината имаат црвени листови.

Ова се новите стандарди кои интензивно ги воспоставуваме во нашиот град, а тоа се одвоени пешачки и велосипедски патеки со зеленило меѓу нив, тоа се сериозно видливи промени кои се случуваат на територијата на нашиот град, тоа се стандардите за кои јас се залагам и кои чекор по чекор стануваат секојдневие кај нас.

Скопје станува една многу поинаква приказна од тоа што беше во минатото, а граѓаните можат да ја видат таа разлика. Многу сум благодарен за фидбекот што го имаме од граѓаните, за задоволството што го искажуваат од воведувањето на овие современи европски стандарди.- изјави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.