АКО НЀ ИЗБРКААТ, ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ НИЗ ПРОЗОРЕЦ – МЕЏИТИ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА СИЛА КОЈА ЌЕ ГИ ТРГНЕ „ОГНЕНИТЕ“ ОД ДУИ

0
1266

Меџити рече дека нема сила која може да ја тргне оваа група од ДУИ, и додаде „ако не избркаат низ врата, ќе влеземе низ прозорец“. Тој рече дека битката ќе продолжи додека партијата не се врати на првобитните идеали на кои е основана.

ДУИ не е поделена, но е обезличена од луѓе катапултирани во врвот на партијата и извршната власт, кои немаат никакво знаење за програмата на партијата и минатото на ОНА. Ова го изјави Изет Меџити, потпретседателот на ДУИ и претставник на познатата „Огнена група“ на синоќешната средба со членовите на ДУИ од Чаир, пишува Алсат.

Меџити рече дека нема сила која може да ја тргне оваа група од ДУИ, и додаде „ако не избркаат низ врата, ќе влеземе низ прозорец“. Тој рече дека битката ќе продолжи додека партијата не се врати на првобитните идеали на кои е основана.За Артан Груби тој изјави дека е дел од „узурпаторите кои успеале да се наметнат во ДУИ“.– Кога ја градевме партијата, тој заработуваше добра плата за да не му се наруши удобноста ниту за момент, а кога остана без работа се сети дека може да ја злоупотреби невладината организација за да се наметне на политички партии. Да, да, Артан Груби отворено се нудеше кај лидерите на политичките партии кој ќе му ги отвори вратите – изјави Меџити.