Monday, December 2, 2024
0.8 C
Skopje

Ако не можеш да го купиш, прогласи го за „кодош“

Чинам дека забеганоста на оваа власт нема крај. Во новинарските кругови како молња се шири веста дека началството тргнало во пресмета со непослушните новинари, оние кои не се дел од новинарските труби кои ја пропагираат преродбата и „светлиот“ лик на преродбеникот Грујо.

aco-kabranov

Задача да се пресмета со оние новинари кои го нејќат грујовиот оглав, туку решиле да ја туркаат професијата и во овие за нив најмрачни времиња, добил, кој друг ако не оној шутракот од Лустрациска, Аџиев. И тој наводно тргнал веднаш во акција. Уште вчера излустрирал еден новинар, пардон го прогласил за кодош, се разбира, по нивни терк. Се работело за „крупна“ ѕверка, новинар со долг професионален стаж, кој професијата секогаш ја разбирал и работел – новинарството како репер на власта, критичар, а не општествено политички работник, односно ТРУБА на владеачките елити.

Побарано, сторено. Првиот богат „улов“, така како што било во листата за отстрел, вредниот Аџиев веќе го реализирал. Името ќе му го објавеле наводно во понеделник, оти денеска им недостасувал еден од членовите, за да му угодат на премиерот во пресметката со новинари за кои тој, штом не одработуваат за него, ги нарекува предавници и странски платеници.

Ќе биде забавно, нели. Не секој новинар може, откако ќе му се откријат валканиците, за неколку часа да добие пусулче од Гоци дека не е соработник на службите. Полноќните долги разговори со шефот, иако во нив лежи зајакот, оваа власт ќе ги рипне, ќе им измислува досиеа на тие што не ги слушаат.

Искрено, мислам дека е привилегија, бар за мене, ако си профи новинар, од оваа власт и оној нивниот Аџиев да ти сместат дека си кодош. Замислете да се најдете на другата листа, вистинските кодоши меѓу нас, кои вредно одработуваат и пропагираат за сите „успеси“ на владеачката фамилија.

Колеги мои истомисленици, без возбуда, еден куп недолжни нивни политички противници ги закитија со таков кодошки орден, тефтерчето викало, сега на нас ни бил редот. Но јас искрено мислам дека од власта на Груевски привилегиран е секој на кој ќе му го доделат. Единствено ме „растажува“ оти со нивната лустрација, луѓето се мајтапат, а послушникот Аџиев е одамна на столбот на СРАМОТ кај слободоумните освестени неофарбани во портокалово, граѓани.

До објавата на новинарите „кодоши“ ве поздравувам со она – СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ…

Ацо Кабранов

ОВАА НЕДЕЛА

СУДИР НА ИНТЕРЕСИ – ЕКС ДИРЕКТОР НА ЈЗУ СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА, ПЛАТИЛ ГЛОБА, ПА ГО РАЗРЕШИЛЕ

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната...

ВАНДАЛИЗМОТ НЕМА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ

Почитувањето на националните симболи е од суштинско значење за...

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 83-ГОДИШЕН СТРУЖАНЕЦ, КОЈ СО ПУШКА ГО УБИЛ КУЧЕТО НА СВОЈОТ СОСЕД

Фото : Илустрација ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83)...

МУЦУНСКИ : НОВАТА ВЛАДА Е СИЛНО ФОКУСИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИ

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска имаше обраќање...

ЈАНЕВСКА : УЧК И НЕЈЗИНИТЕ СИМБОЛИ ЗА ОВАА ДРЖАВА НЕ ЗНАЧАТ НИШТО

Испраќањето инспекција во училиштето во тетовското село Челопек е...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ