АКО НЕЈЌАТ АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА ДА ДОЈДАТ, СДСМ ЌЕ ГИ ДОНЕСЕ ВО СКАФАНДЕРИ ПРАТЕНИЦИТЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА, ЏАФЕРИ ЗАКАЖА СЕДНИЦА ЗА УТРЕ

0
282

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 14 часот ја закажа 32. седница со 21 точка, меѓу кои и Националната стратегија за борба против корупцијата. По неа ќе се одржи 36. седница, на која треба биде изгласан петтиот пакет економски мерки за да може фирмите на своите работници да им исплатат плати.

До денеска, нема договор со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од која се потребни неколку пратеници да се присутни на седница, зашто нема кворум поради тоа што има тројца пратеници од власта позитивни на коронавирус. Кворум може да обезбедат и пратениците од албанската опозиција.

Неофицијално, утре едната пратеничка од СДСМ излегува од изолација.

„Ако не сакаат Алијанса за Албанците/Алтернатива да дојдат утре за кворум и за гласање, останува опцијата да се донесат во скафандери колегите кои се во изолација”, велат пратеници од владејачкото мнозинство.

Утрешната седница е закажана по реакциите во јавноста од однесувањето на сите 120 народни избраници, заинаетени и секој со свои желби на која седница сака да присуствува, а на која не. Џафери кажа дека нема да им попушта повеќе, зашто таму се за да седат на сите седници и да гласаат секој по свое лично убедување, а не само да доаѓаат да се потпишат за патни трошоци и да ги снема.