АКО ЗАСТАРАТ СЛУЧАИТЕ ЗА МИЈАЛКОВ, ОВА ЌЕ БИДЕ ГАФ НА ДЕЦЕНИЈАТА : ЏОЛЕВ ДОБИ ВТОР МАНДАТ ОТИ ПОКАЖАЛ ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ВО РАКОВОДЕЊЕ НА КРИВИЧЕН

0
601

Судијата Иван Џолев едногласно беше избран за претседател на Кривичниот суд каде се судат најголемите корупциски случаи во кои се вмешани и поранешни и сегашни функционери.
Судскиот совет му даде втор мандат да раководи со судот оти покажал одлични резултати во раководењето со судот кој за време на неговиот прв мандат бил ажурен и транспарентен.

Тој е оценет со 200 бода и бил единствен пријавен кандидат за претседател на Кривичен.

Џолев е избран за судија во 2008 година, а првиот мандат како претседател на Основниот кривичен суд Скопје го доби во 2017 година.

Четири години беше претседател на Кривичен, а една година вршител на должност.

По вторпат, исто така, беше избрана и Емел Кранли Али,за претседателка на Основниот суд во Ресен.