Wednesday, April 23, 2025
14.8 C
Skopje

Ако владее правото лесно ќе се разбијат шпекулациите околу намерата на власта и криминалнот кој се става врз Макпетрол и ОИЛКО

Пред неколку години новинарот Зоран Божиновски на својот портал „Буревесник“ и ФБ профил, а потоа и неделникот „Капитал“ пишуваа за сомнителни трансакции и одлуки на АД „Макпетрол“ со КДА „Оилко“, а јавноста почна да шпекулира, „директорот се спасил дека плаќа рекет…“, „имал влијание во држ.институции…“,„високи функционери на власт го штитат и тие се дел од криминалот…“, итн…

arsovtale

Сега кога МВР поднесе Кривична пријава против одговорните во правните лица, за она за кое пред неколку години се пишуваше, повторно во јавноста сомнеж за искрените намери на власта за справување со криминал и се отворија нови шпекулации, овој пат во обратна насока… „власта се реваншира…“, „атак врз ТВ Телма…“, „реваншизам за изгубен спор на државата…“ итн…

Ако владее правото како темелна вредност во системот, преку професионални институциите, низ законита судска постапка многу лесно ќе се разбијат сите тие шпекулации околу намерата на власта и криминалнот кој им се става на 20-тина одговорни во Макпетрол и ОИЛКО. ама АКО…

Фактот дека актите на одговорните се носеле 2007 год. а МВР дури по 8 години, (повторувам по 8 години!) покренува Кривична пријава, е дополнителна причина да се зголеми сомнежот во јавноста за постоење на горе споменатата темелна вредност и вистинските стремежи на власта да се справи со криминал. Тркалото на правдата е споро, но кога тогаш секого ќе сомеле (Сун Цу), но понекогаш задоцнетата правда се претвора во неправда а граѓанството ја губи вербата во институциите, особено кога се работи за атак врз личност кој управува друштво со влијателен национален медиум…

Од фејсбук зидот на адвокатот Тале Арсов

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ДАЛИ НАВИСТИНА ПЕПЕЛТА ОД РЕК БИТОЛА Е РАДИОАКТИВНА?

Деновиве во јавноста голема резонанса предизвика веста за разнесувањето...

СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ОСУДЕН НА ТРИ ГОДИНИ И ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗАТВОР

Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за...

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СО КОИЗВЕСИТЕЛИТЕ НА ПССЕ ЗА ПОСТМОНИТОРИНГ ДИЈАЛОГ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ