Аирлија нека е: Специјалната обвинителка Катица Јанева го претстави тимот oд 14 обвинители кои ќе го прогонуваат режимскиот картел од криминалци и битанги под команда на Грујо и бате Саше

0
933

katica zakletva

Специјалната јавна обвинителка Катицва Јанева, денеска на прес конференција соопшти дека до Советот на јавни обвинители на Република Македонија, ќе предложи имиња на 14 обвинители кои ќе бидат дел од нејзиниот тим во специјалното обвинителство.

Се работи за за Артан Ајран, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стевчо Дончев, Трајче Пеливанов и Фатмир Фетаи.

Кандидатите се редовни обвинители кои работат низ различни градови во Македонија.

Јанева истакна дека оваа бројка на обвинители е неопхподна за успешно исполнување на обврските на обвинителството со кое таа ќе раководи.

Таа посочи дека се работи за истакнати професионалци, и надополни дека се преземаат сите активности за да се обезбедат услови за непречена работа на јавното обвинителство.

Предметите, рече Јанева, ќе бидат преземени кога специјалното обвинителство ќе добие свое седиште.