Saturday, May 24, 2025
13.8 C
Skopje

АЗИЕЦ ВО ВАНКУВЕР, КАНАДА СО ВОЗИЛО ВЛЕТА ВО ТОЛПА СРЕДЕ УЛИЧЕН ФЕСТИВАЛ, ИМА МРТВИ И ПОВРЕДЕНИ

Фото : SCMP – South China Morning Post

Голем број луѓе загинаа, а повеќемина се повредени во Ванкувер откако возач со црн џип влетал во масата народ на филипински уличен фестивал во западниот канадски град, соопшти полицијата. Возачот, 30-годишник, е приведен, соопшти полицијата во објава на социјалната мрежа Х, без да даде повеќе детали.

На прашањето дали полицијата бара некој друг, шефот на полицијата рече дека има еден осомничен, едно возило. Тој не одгвоори дали 30-годишниот осомничен има криминално досие.

Инцидентот се случил нешто по 20 часот по локално време на местото каде што се одржуваше забавата за фестивалот Лапу Лапу.

Канадскиот премиер Марк Карни изјави на X: „Потресен сум кога слушнав за ужасните настани на фестивалот Лапу Лапу во Ванкувер вечерва“.

Градоначалникот на Ванкувер Кен Сим и премиерот на Британска Колумбија Дејвид Еби објавија слични коментари на X.

Еден сведок изјави за канадската телевизија дека видел црно возило кое непредвидливо вози во областа на фестивалот непосредно пред да удри во масата народ. Џегмит Синг, лидер на опозициската канадска Нова демократска партија, беше меѓу присутните на настанот, но заминал неколку минути пред да дојде возилото. Весникот „Ванкувер сан“ објави дека илјадници луѓе биле во областа.

Федералните избори во Канада се одржуваат утре (28 април). Шефот на полицијата рече дека не знае дали инцидентот има врска со претстојните федерални избори.

Возачот е приведен. Според непотврдени информации, станува збор за Азиец на околу 20 години.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ