АЗДИСАНОСТА НА ДРЖАВНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ВО ВРВОТ НА МВР НЕМА КРАЈ : Сопругот на државниот секретар на МВР шпарта низ Прилеп со службено возило?!

0
635

Дали сопругот на државниот секретар во МВР, Анастасија Илиеска го вози нејзиното службено возило за приватни потреби?

Денеска, во недела, неработен ден, е снимен како тој сам го управува службеното возило кое е доделено на неговата сопруга вработена во МВР како државен секретар. Со ова возило, за кое е утврдено дека припаѓа на МВР, дојде во Прилеп и се паркира пред бутик за спортска опрема, за кој жителите на Прилеп посчуваат дека е во негова сопственост.

13225003_10209375919465212_1641839599_o

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во декемри минатата година презеде мерки откако утврди дека постојат сериозни индиции за злоупотреба на одредбите кои ги регулираат начинот на обезбедување и користење на службени возила на МВР, како и дека наредил укинување на неовластените привилегии. Тогаш мерките беа насочени кон немањето основ за доделување службени возила, кои сигурно во најголем број случаи се уште се злоупотребуваат како приватни и семејни возила.

13214975_10209375918985200_1422252749_o

На државниот секрететар во МВР не му следува обезбедување, но му следува службено возило, кое сепак е за потребите поврзани со работата, а не за приватни потреби. Во Македонија оваа навика како да стана нормална, иако во многу држави постојат бесплатни телефонски линии на кои граѓаните можат да ги пријават злоупотребите на службените возила, нешто кое се санкционира.

Извор : А1он