АД Д-Р ПАНОВСКИ : ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА НА ОБВИНУВАЊАТА НА ПРАТЕНИКОТ Г-ДИН АНТОНИО МИЛОШОСКИ

0
575

До

Медиумите

Во врска со вчерашното излагање на пратеникот Г-дин Антонио
Милошоски на сесијата на Анкетната комисија, каде АД „Д-р Пановски“ беше
предмет на дневно политички линч, сметаме дека е неопходно да го истакнеме
следното.

Како по непишано правило, пред речиси секои избори политичките
партии на еден или друг начин мислат дека со ставањето на успешни приватни
компании во негативен контекст ќе печалат политички поени. Не ни е пријатно
што сме принудени да се браниме од нападите на Г-дин Антонио Милошоски,
како претставник на политичка партија, со реакција, но со оглед на фактот дека
е заштитен со пратеничкиот имунитет за искажаното, немаме друг избор.
Информациите кои некој му ги сервира се погрешни и немаат никаква врска со
фактичката состојба.

Со оглед на фактот дека АД „Д-р Пановски“ е единствен
овластен дистрибутер за Северна Македонија на светски реномирана компанија
за лекови и медицински материјали, на неоснованите напади со кои се
наштетува на нашиот корпоративниот углед сме должни да реагираме. Воедно,
нема да дозволиме на било каков начин да се инволвира АД „Д-р Пановски“ во
причините или мотивите заради кои е формирана Анкетната комисија и заради
што постапуваат другите надлежни државни органи.
Фаул број 1. (парафразирано) Невенчаната сопруга на сопственикот на АД
„Д-р Пановски“ е причината поради која оваа веледрогерија продава лекови на
Клиниката за онкологија

Ваквите „ad hominem“ напади кон АД „Д-р Пановски“ се без основ. Најмалку
зависи од стручното мислење на еден професор на Медицинскиот факултет
колку лекови една веледгрогерија ќе добавува на Клиниката за онкологија и
целото јавно здравство. АД „Д-р Пановски“ постои 29 години, учествува во
јавните набавки и е единствен овластен дистрибутер на територијата на Северна
Македонија за дел од лековите кои се аплицираат редовно во протоколарните
терапии за лекување на најтешко болните пациенти на Клиниката за онкологија.
Постојат минимум уште пет веледрогерии кои се во истата ситуација како АД
„Д-р Пановски“.

И тие се единствени овластени застапници во Северна Македонија на фармацевтски компании кои се производители на одреденилекови кои се дел од терапиите со кои се лечат пациентите во јавното здравство. И тие веледрогерии најчесто се единствени понудувачи на јавните набавки во јавното здравство, на кои учествуваат за потребните количини на лековите чии ексклузивни застапници се.

Со законските измени во Закон за лекови и медицински средства, од март годинава се овозможува склучување на таканаречени посебни договори за лековите што се покриваат од програмите донесени во согласност со прописите од областа на здравствената заштита и за лековите што се покриваат од средствата за задолжително здравствено осигурување.

Посебни договори може да склучи Министерството за здравство и носителот на одобрението или веледрогерија овластена од носителот за да се сподели ризикот и/или трошоците за да се ограничи бројот на лицата чии што
трошоци за лекување се покриваат, односно да се ограничи максималниот износ
кој ќе се плаќа за лекот.

Со посебниот договор се обезбедуваат лекови за кои
нема конкуренција од технички причини во промет, или лекови за кои постојат
ексклузивни права, вклучувајќи ги и правата од интелектуална сопственост.
Набавката на лековите со посебен договор е законска измена во согласност со
ЕУ регулативите кои се однесуваат на иновативните терапии кои имаат еден
производител во светот, и согласно на тоа еден дистрибутер во секоја земја, за
да станат полесно и побрзо достапни за оние кои имаат најмногу потреба од нив
– најтешко болните пациенти.

Фаул број 2. (парафразирано) АД „Д-р Пановски“ е привилегиран за време на
мандатот на Венко Филипче и СДСМ“
Анализите на склучени договори за јавни набавки и остварени профити
покажуваат дека АД „Д-р Пановски“ во периодот 2006-2017 просечно годишно
реализира 40 % повеќе профит од периодот 2017-2023 година. Пратеникот
Милошоски може да провери, на пример колкав е долгот на јавно здравствените
установи во овој момент кон АД „Д-р Пановски – Скопје“. Притоа, нашата
компанија без разлика на неповолната динамика на плаќање никогаш не ја
довела во прашање дистрибуцијата на лекови за најтешко болните пациенти.
Оттука, нападите и критиките дека оваа веледрогерија е омилена на оваа
владејачка гарнитура финансиските параметри ги демантираат.

Фаул број 3. (парафразирано) Заради профитите на АД „Д-р Пановски“ е
укинат паралелниот увоз

Пратеникот Антонио Милошоски треба да истражува пред да изнесува вакви
констатации. Токму на темата за паралелниот увоз АД „Д-р Пановски“ е
поблиску до ставовите на неговиот поранешен партиски шеф во чиј кабинет
беше министер. Да бидеме прецизни, паралелниот увоз беше корисен модел да
се обезбедат квалитетни лекови по поевтини цени и со тоа да се обезбедатсериозни заштеди во Фондот за здравство. Обвинувањата дека таквите лекови
беа неквалитетни затоа што биле наменети за земји како Турција и Сирија,
секогаш сме ги отфрлале, затоа што не е точно дека се произведувани по
подруми или препакувани. Вистината е дека Турција е многу поголем пазар од
Северна Македонија и затоа производителите на лековите имаат интерес да им
дадат поконкурентни цени отколку оние кои се наменети за нашиот пазар. и
затоа таму поединечните цени на многу лекови од светски реномирани
фармацевтски производители беа поевтини.

Во овој период од три децении откако е основана АД „Д-р Пановски“ се
сменија двоцифрен број министри и директори во ресорот здравство.Секое поврзување на економскиот учинок на АД „Д-р Пановски“ со било чие
политичко влијание е несериозно и се пласира со цел да се наштети на
корпоративниот имиџ на компанијата. Жалиме што јавноста кога ќе добие
информација за вредноста на јавната набавка за лековите веднаш по
автоматизам тој податок го смета и за остварен профит на веледрогериите.
Апсолутно не е така. Цените се регулирани однапред од страна на
министерството за здравство и точно се знае по која цена може да се продаде
еден лек.

АД „Д-р Пановски“ – Скопје