Адвокатите од „Монструм“ побарале Заев да им ги даде материјалите за случајот

0
587

monstrum11

Адвокатите Насер Рауфи, Ѓоко Настевски, Асмир Алипајиќ и Митко Солаков, кои ги бранат правата на обвинетите во случајот „Монструм“, денеска испратиле барање до лидерот на СДСМ Зоран Заев за да им ги даде на увид или да ги добијат сите докази што тој ги има за случајот, дознава Плусинфо.

Барањето лично го добил лидерот на СДСМ. Адвокатите од него побарале да им ги даде доказите најдоцна до 11 септември. Засега Заев им нема одговорено на нивното барање.