АГЕЛЕР : САД ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА ТАРГЕТИРААТ КОРУМПИРАНИ ПОЕДИНЦИ КОИ ГО ПОТКОПУВААТ ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО И СТАБИЛНОСТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
922

САД ќе продолжат да таргетираат корумпирани поединци кои го поткопуваат владеењето на правото и стабилноста на Северна Македонија. Корупцијата има последици, напиша амбасадорката Агелер.

Покрај Камчев, на црната листа на САД денеска се најде и дилерска група „Ел Балути“, составена од браќата Јунес и Отман Ел Балути, како и Јусеф Беназа, која продавала кокаин низ Белгија и западна Европа, а која, според соопштението од Министерството за финансии на САД, се крие во Дубаи. Поради нелегална трговија со дрога на црната листа на САД е ставен и Франко Табарез Мартинез, дел од мексикански картел.

САД неодамна го ставија на црна листа и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за вклученост во корупција.