АВТОМОБИЛ УДРИ И УСМРТИ МЕЧКА НА ПАТОТ ГОСТИВАР – ОХРИД

0
178

Фото : Илустрација

Автомобил удрил мечка на патниот правец Гостивар-Охрид.

Во инцидентот што се случил изутрината, мечка е усмртена, а нема повредени лица.

Според пријавата на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, сообраќајната несреќа се случила во 5.37 часот кај вториот каменолом на патот Гостивар – Охрид.

– На местото на несреќата, присутни се полициски службеници од полициска станица Гостивар и увидна екипа. Исто така, известени се и Националниот парк Маврово и ТППЕ – Гостивар за отстранување на починатата мечка од магистралниот пат, информира Регионалнит центар за управување со кризи – Тетово.