Сообраќајна незгода утринава се случи на крстосницата на булевар „Србија“ и булевар „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Според првичните информации, причините за несреќата не се познати, а нема ниту информација дали има повредени лица во автомобилите.
Повеќе детали се очекуваат од МВР. Инаку, во близина на местото каде денеска се преврте автомобил, пред две недели имаше уште една сообраќајка во која автомобил се најде на покривот.