Автомобилите со оваа боја беа најпопуларни во 2019

0
194

Иако изборот на автомобили е голем, една боја се издвои како посебно популарна кај купувачите во 2019 година.

Според податоците на производителите и продавачите на автомобили составена е листа на најбараните бои на автомобили во 2019 година.

Анализата покажа дека на врвот остана бојата која беше најпопуларна и лани, објави TopGear.

Веќе втора година по ред сивата е најбарана боја на автомобил – дури една четвртина од продадените автомобили биле во оваа боја.

Црната и белата се најдоа на второ, односно трето место. Дури 60% од сите нови продадени автомобили во Европа биле во една од овие три бои. На четврто место е сината боја.

И производителите на автомобили не придонесуваат многу за промени на оваа тема – најчесто не даваат некој голем избор. На пример, BMW Series 7 е достапен во 12 нијанси од кои 9 се варијација на бела, црна или сива боја.

Жолтата боја во изминатава година се искачи на 10. место. Најново истражување покажа дека жолтата боја е најбезбедна во сообраќајот, бидејќи возилата во оваа боја најретко се вмешани во сообраќајни незгоди и несреќи.

Причина е едноставна: впечатливоста на жолтата боја придонесува автомобилот да се издвои од масата и да биде полесно забележлив, а со тоа и поштеден од потенцијален удар, а и пешаците и велосипедистите полесно ги воочуваат.

Статистички, жолтите автомобили во најмал процент учествуваат во сообраќајни незгоди и несреќи, во однос на автомобилите во други бои.

Сребрената нијанса е најнепопуларна кај новите автомобили во изминатите 20 години, а црвената, портокаловата и зелената уште се „држат“ меѓу десетте најпопуларни.

Извор : Кајгана