Friday, April 25, 2025
20.8 C
Skopje

АВСТРИСКАТА АМБАСАДА ГО ДЕМАНТИРА БИЉАЛ КАСАМИ: НЕ СЕ ДАДЕНИ ГАРАНЦИИ ИЛИ ВЕТУВАЊА ЗА ПОПОВА ШАПКА

Од Амбасадата на Австрија во Македонија, во изјава за „Порталб.мк“, кажаа дека немаат дадено никакви гаранции или ветувања за Попова Шапка, што е спротивно на она што го изјави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Како што соопштија од Амбасадата, на јануарската средба меѓу австрискиот амбасадор Мартин Памер и Биљал Касами, дел од дискусијата била и темата за развој на ски-центарот, но само во вид на размена на информации, без никакви ветувања, пишува Порталб.мк.

Касами, по таа средба кажа дека амбасадорот покажал интерес да помогне да се постигне договор со компанијата заинтересирана за инвестирање во Попова Шапка и дека амбасадорот дал гаранции дека ќе помогне во обезбедувањето на меѓународни средства.

Сепак, од Австриската амбасада изјавата на Касами ја оценија како погрешна интерпретација. „Во име на Австриската амбасада би сакале да ви одговориме дека на прес-конференцијата имало погрешна интерпретација. На средбата меѓу австрискиот амбасадор во Република Северна Македонија и градоначалникот на Тетово која се оддржа на крајот на јануари, се разговараше за можните заеднички проекти во градот Тетово и областа на Шар Планина.

Темата за развој на скијачкиот центар беше дел од дискусијата, но тоа беше едноставно во вид на размена на информации, не беа дадени никакви гаранции или ветувања. Штом нашите можни проекти станат поконкретни, со задоволство ќе ве информираме вас и другите претставници на медиумите“, изјавија од Австриската амбасада за „Порталб.мк“.

Денеска, по седницата на Советот на општината во Тетово, побаравме став од Касами за ова изјава на амбасадата, но тој не сакаше да коментира пред камера. Потсетуваме дека Касами на 28 јануари даде поинаква изјава, и во продолжение ви ја пренесуваме во целост: „Има нешто ново во врска со Попова Шапка, првичните информации беа дека се работи за италијански инвеститор, се работи за формално италијански инвеститор од Источен Тирол каде што живеат Австријци.

Минатата недела имав средба со австрискиот амбасадор кој покажа интерес да го поддржи овој инвеститор, бидејќи според информациите што ги добив од амбасадорот, овој инвеститор сака да влезе во Македонија преку деловна компанија регистрирана во Австрија. Значи, формално се работи за можна австриска инвестиција во Попова Шапка.

Со подршката на амбасадорот верувам дека одиме чекор напред и поблиску до овој инвеститор кој ќе инвестира во Попова Шапка. Уште повеќе што дилемите во разговорите со Владата беа за јавните инвестиции што треба да се направат и за приватните инвестиции што треба да ги направи инвеститорот.

Прелиминарните информации беа дека инвеститорот во првата фаза може да инвестира до 50 милиони евра, но истовремено бара и јавни инвестиции во ист износ. Не е оправдано ние да му дадеме еден толку важен простор на приватен инвеститор кој ќе инвестира само 50 милиони евра, со оглед на тоа што државата е обврзана, заедно со општината, да инвестира исто толку.

Така што, австрискиот амбасадор гарантираше дека ќе помогне да се обезбедат средства од меѓународните институции за јавната инвестиција што ќе се направи, значи да не биде од локални и државни, туку од надворешни фондови со кои исто така ќе ја олесни и можноста за постигнување договор. Со тоа исто така гарантираше и дека инвестицијата нема да биде 50 милиони, туку како што кажал инвеститорот, а тоа е дека ќе оди над 150 милиони, така што и овде да имаме еден договор и една гаранција дека нема никаква злоупотреба“, рече Касами.

Долго ветуваната италијанска инвестиција во Попова Шапка продолжува да се одложува, без епилог или договор. Надлежните постојано вадат нешто ново, а на терен ништо не се гледа. За ова е информиран и директорот на Скијачкиот центар Попова Шапка – Абдулгани Алији, но детали нема. „Свесни сме за дискусиите што се водат за можна италијанска инвестиција во Попова Шапка.

Сепак, засега немаме детални информации за ова прашање. Отворени сме за секој развој што би придонел за подобрување на инфраструктурата и услугите во оваа туристичка зона“, изјави Алији за Порталб.мк. Од Министерството за животна средина и просторно планирање во изјава за Порталб.мк рекоа дека „немаат нови информации“.Попов Во меѓувреме, првиот човек на ова министерство, а воедно и вицепремиер, Изет Меџити, на 5 декември 2024 година соопшти дека се започнати одново преговорите со компанијата „ТехноАлпин“.

Дека овој проект се одолговлекува долго време потврдија и од италијанската компанија „ТехноАлпин“ со која Порталб.мк веќе две години е во постојана комуникација. „Во овој момент, нема нови или важни ажурирања што можеме да ги споделиме“, велат од TechnoAlpin. „ТехноАлпин“ на 19 декември 2022 година го претстави својот план за развој на овој туристички центар.

Инвестицијата се планира да се реализира во седум фази и е вредна околу 180 милиони евра. За овој проект, надлежните многу ветија, но преговорите се уште не постигнале епилог и досега договорот не е потпишан. „TeхноАлпин“ на 19 декември 2022 година го презентираше својот план за развој на овој туристички центар.

Реализацијата на инвестицијата е планирана во седум фази и нејзината вредност е околу 180 милиони евра. За овој проект надлежните власти ветија многу, но преговорите немаат епилог и договорот сеуште не е потпишан.

Попова Шапка иако е една од најдобрите деестинации за зимски одмор не само на Балканот, долги години е занемарена и во неа не се направени никакви инвестиции.

Едни од најголемите проблеми се урбанистичкиот хаос, недостигот на паркинг места, лошото менаџирање со отпадот, дивоградбите, и многу други. Потсетуваме дека туристичката сезона започна на 13 декември 2024 година а заврши на 13 март 2025 година.

Како последица на недоволната количина на снег, скијачките сезони во последните години се неуспешни и со големи загуби.

Извор: Новинска агенција МЕТА

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: ДОДЕКА ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН СЕ РАСПРАВААТ, ЦЕЛИОТ СИСТЕМ СЕ РАСПАЃА

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната...

БЛУМБЕРГ: САД ЌЕ БАРААТ РУСИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ ПРАВОТО НА УКРАИНА НА СОПСТВЕНА АРМИЈА И ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ